Достапни линкови

Почина осомничен за нападот на американската амбасада во Тунис


Тунижанецот Мохамед Бахти кој беше осомничен за напад врз американската амбасада во Тунис пред два месеци, починал во затворот. Неговиот адвокат соопшти дека Бахти починал денеска, 48 часа откако и другиот осомничен за нападот умрел од срцев удар предизвикан од двомесечниот штрајк со глад. Бахти и Башир Ел Голи се едни од 425 те ултраконзервативни муслимани кои на 14 септември се уапсени поради напад врз американската амбасада во Тунис. Безбедносните сили убија четири лица во судирите, кога демонстрантите навлегоа во дворот на амбасадата.
XS
SM
MD
LG