Достапни линкови

logo-print

Дачиќ: Хашката пресуда ќе има огромни последици


Ивица Дачиќ

Ивица Дачиќ

Пресудата на Хашкиот суд со која хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач се ослободени од обвиненијата за прогон на Србите од Книн ќе има големи последици, пред се на процесот на помирување во регионот, изјави претседателот на владата на Србија, Ивица Дачиќ.
Ова сигурно ќе има последици на нашиот однос кон Хашкиот Трибунал. Овој е досега незабележан случај и апсолутно нашата соработка ќе ја сведеме на техничка. Требаше да се одржи конференција на Хашкиот трибунал во земјава, но веќе дадов налог да се откаже, рече Дачиќ.
Тој додаде дека Хашкиот суд може да донесе каква било пресуда, но дека оваа е специфична бидејќи двата совета на еден ист суд донеле две различни одлуки. Според првата Готовина е осуден на 24 години затвор, а втората пресуда е ослободувачка, што досега се нема случено. Според Дачиќ оваа пресуда има политички предзнак.
XS
SM
MD
LG