Достапни линкови

Во Газа врие, светот загрижен


Изралески тенкови на границата меѓу Израел и Газа.

Изралески тенкови на границата меѓу Израел и Газа.

Палестински медицински лица соопштија дека во текот на синоќешните напади загинале осум лица. Израелската полиција пак информираше дека проектил истрелан од Газа денеска ранил четири израелски војници.

Израелски воени авиони синоќа ја бомбардирале канцеларијата на премиерот Исмаил Ханија и полициската станица, откако ескалираа судирите меѓу Израел и Хамас.
Постои меѓународно право и меѓународни рестрикции и она што Израел го прави е неприфатливо и нелегално. Израел треба да сфати дека многу работи се сменија, ситуацијата се смени и тој не е над меѓународното право.


Тунискиот министер за надворешни работи Рафик Абдеслем денеска е во посета на појасот Газа. Тој ги осуди израелските воздушни напади врз палестинските енклави како неприфатливи и против меѓународното право.

„Постои меѓународно право и меѓународни рестрикции и она што Израел го прави е неприфатливо и нелегално. Израел треба да сфати дека многу работи се сменија, ситуацијата се смени и тој не е над меѓународното право“, изјави Абдеслем.
Денеска гледаме многу воени лидери на Хамас како се кријат, но на граѓански места, како што се џамиите и болниците. Тоа не води до заклучок дека Хамас е под голем притисок поради нашата операција која ќе ја продолжиме, се додека не донесеме мир и нормален живот на три милиони Израелци кои во моментот се под притисок поради ракетните напади.

Тој е вториот арапски претставник што ја посетил во два дена, по посетата на египетскиот премиер Хишам Ќандил, кој соопшти дека воените авиони извршиле околу 180 воздушни напади врз појасот Газа во текот на ноќта.

Палестински медицински лица соопштија дека во текот на синоќешните напади загинале осум лица. Израелската полиција пак информираше дека проектил истрелан од Газа денеска ранил четири израелски војници.
Израелскиот кабинет побара 75.000 припадници на резервните вооружени сили како поддршка на распоредените војници на границата со Газа за она што многумина очекуваат да биде копнена операција.
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија во посета на човек ранет при нападите од страна на Израел.

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија во посета на човек ранет при нападите од страна на Израел.


Портпаролот на израелските одбранбени сили Авитал Леибовиц изјави дека Израел е одлучен да го запре бомбардирањето од страна на Газа.

„Денеска гледаме многу воени лидери на Хамас како се кријат, но на граѓански места, како што се џамиите и болниците. Тоа не води до заклучок дека Хамас е под голем притисок поради нашата операција која ќе ја продолжиме, се додека не донесеме мир и нормален живот на три милиони Израелци кои во моментот се под притисок поради ракетните напади“, рече Леибович.

Австралискиот министер за надворешни Боб Кар ги повика Израелците и Палестинците на воздржаност.

„Разговорот е алтернатива на ракетите кои се истрелани и на целата одмаздничка акција. Не го омаловажувајте разговорот. Ќе биде многу поздраво за целиот Блиски Исток, доколку двете страни седнат на маса да разговараат со еден на друг“, истакна Кар.

Иранскиот министер за одбрана Ахмад Вахиди изјави дека муслиманскиот свет треба да се обедини против Израел. Според него ставањето крај на злосторствата на ционистичкиот (израелски) режим е можно само преку една обединета, револуционерна одмазда од страна на муслиманскиот свет.

Израел започна усогласена воздушната кампања против густо населената Газа во средата со цел да се стопираат редовните ракетни напади од Газа. Палестинските милитанти истрелаа неколку стотици ракети во последните три дена, стигнувајќи до Тел Авив и Ерусалим.

Властите во Газа велат дека 38 Палестинци се убиени откако Израел ги почна воздушните напади.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG