Достапни линкови

logo-print

Уметноста предизвика немири во Грција


Претстава во која Исус Христос и дванаесетте апостоли се претставени како хомосексуалци, предизвика немири во Грција и провоцира судски обвиненија за богохулство од претставници на црквата и неофашистичката партија „Златна зора“.
Претставите на „Корпус Кристи“ кои требаше да се одиграат кон крајот на месецов се откажани по протести пред театар во Атина. Режисерот Лаертис Василиу, кој е роден во Албанија, за странските медиуми изјави дека не му е јасна ситуацијата што се создала.
-Она што го гледам е дека има луѓе кои ја ограбија оваа земја без да знаат граѓаните, но тие не се во затвор. Наместо да го поправи тоа, сега судот се врти кон уметноста, изјави тој.
Ако учесниците во претставата бидат прогласени за виновни за богохулство, режисерот и актерите може да поминат неколку месеци во затвор. Меѓу најповредените од сижето на претставата се претставниците на верски групи, националистичките и социјалистичките партии.
XS
SM
MD
LG