Достапни линкови

ЕУ го поздрави приемот на Косово во ЕБРД


Функционери од Европската унија изразија задоволство од приемот на Косово во Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), истакнувајќи дека таа одлука на ниту еден начин не го прејудицира статусот на Косово.
„Ја поздравуваме одлуката на бордот на гувернери да го прими Косово за член на ЕБРД“, се наведува во заедничкото соопштение на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон, комесарот за проширување Штефан Филе и комесарот за финансии Оли Рен.
Тие нагласуваат дека оваа одлука на ниту еден начин не го прејудицира статусот на Косово, туку дека приемот во ЕБРД ќе овозможи значајно зголемување на финансиската помош за развој на Косово. Одлуката за прием на земјата во оваа организација беше донесена вчера. Косово е членка и на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.
XS
SM
MD
LG