Достапни линкови

Иванов: Позитивен чекор е средбата на Нимиц и преговарачите


Добро е што придвижува процесот на преговори за спорот за името меѓу Македонија и Грција. Лично инсистирав и барав тој процес да почне да се динамизира, изјави претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
Toj ја оцени како позитивен чекор најавата за средба на преговарачот Метју Нимиц со двајцата учесници во овој процес Зоран Јолевски и Адaмантиос Василакис.
- Да видиме по состанокот кои идеи ќе бидат изнесени и кои се размислувањата на Нимиц во оваа ситуација. Ние како државен врв сме во координација и нашиот претставник Јолевски ги знае ставовите на државата. Се надеваме дека Василакис исто така ќе дојде со ставовите од грчката Влада и дека овој процес ќе почне да се придвижува. Секоја статус кво состојба не му одговара никому, додаде претседателот Ѓорге Иванов.
XS
SM
MD
LG