Достапни линкови

logo-print

Тунискиот шеф на дипломатијата во посета на Газа


Израелски тенкови распоредени на границата со Газа

Израелски тенкови распоредени на границата со Газа

Тунискиот министер за надворешни работи Рафик Абдеслем е во посета на појасот Газа каде продолжуваат судирите меѓу Израел и Хамас.
Абдеслем ги осуди израелските воздушни напади врз палестинската енклава нарекувајќи ги неприфатливи и против меѓународното право.
Тој е вториот арапски претставник што ја посетил Газа, по посетата на египетскиот премиер Хишам Ќандил во петокот.
Израелската телевизија соопшти дека воените авиони извршиле околу 180 воздушни напади врз Појасот Газа во текот на ноќта, вклучувајќи го и уништувањето на седиштето на премиерот Исмаил Ханија кој се сретна со својот египетски колега
Палестински медицински лица соопштија дека во текот на синоќешните напади загинале осум лица.
XS
SM
MD
LG