Достапни линкови

Доживотен затвор поради заговор за тероризам


Судот во Бруклин осуди на доживотен затвор њујоркчанец поради планирање на самоубиствен бомбашки напад врз метрото во Њујорк во 2009 година. Американскиот обвинител Лорета Линч, по пресудата изјави дека Адис Медуњанин барал мачеништво за себе и смрт за невини њујорчани како дел од планот на Ал Каеда да се шири страв во рамките на нашите брегови. Медуњанин беше осуден во мај од страна на федералната порота на девет точки од обвинението, вклучувајќи заговор за тероризам и обезбедување на материјална поддршка за Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG