Достапни линкови

Клинтон: Надворешната политика ќе се фокусира на економијата


Хилари Клинтон

Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека Вашингтон својата надворешна политика ја преориентира кон економијата откако во изминатата деценија беше фокусирана на двете војни. Таа додаде дека меѓу надворешно-политичките цели се зголемување на американскиот извоз, отворањето нови пазари и барање подобри услови за американските фирми да се натпреваруваат во странство. Клинтон изјави дека повеќе од 270 американски амбасади и конзулати ширум светот ќе работат како застапници на американските компании и ќе му помогнат на американскиот претседател Барак Обама да ја постигне целта да се дуплира американскиот извоз во следните пет години.
Забелешките на Клинтон се пред Азиско-пацифичкиот самит во Камбоџа на кој ќе присуствува претседателот Барак Обама.
XS
SM
MD
LG