Достапни линкови

logo-print

Ромпуј: Приклучувањето на балканските земји е приоритет на ЕУ


Претседателот на Советот на ЕУ Херман ван Ромпуј истакна дека зачленувањето на земјите од Балканот е приоритет на Европската унија.
Тој рече дека членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ значи траен мир на тие простори. Шефот на австриската дипломатија Михаил Шпинделегар оцени дека мирот е осигуран само внатре во ЕУ, додека во соседството ситуацијата е поинаква.
Ромпуј е добитник на годинашната награда Куденхова Калерги која се врачува на секои две години, а меѓу претходните добитници се германската канцеларка Ангела Меркел и поранешниот министер за надворешни работи на Австрија Алојз Мок.
Ромпуј, наградата ја доби за своите заложби за Европа како континент на единство и мирот, објасни пронцот Николаус фон Лихтенштајн, потпретседател на друштвото „Куденхове Калерги“.
Наградата го носи името на основачот на паневропското движење, дипломат, филозов и публицист грофот Ричард Николаус фон Кундехове Калерги.
XS
SM
MD
LG