Достапни линкови

Украина бара замена за рускиот гас


Украинскиот министер за енергетика Јуриј Бојко јавно зборуваше за плановите да се намали зависноста на земјата од рускиот дотур на природен гас. Бојко изјави дека Украина е незадоволна од цените по кои Русија ја снабдува Украина со гас. Бојко изјави дека Украина купила околу 26 милијарди кубни метри руски гас оваа година, што е 1 милијарда кубен метар помалку од претходно најавеното.
Бојко изјави дека Украина има договор за купување гас и од Германија по цена која била за 40 до 70 долари поевтина од цената на Русија.
XS
SM
MD
LG