Достапни линкови

Мисијата на САД во ОБСЕ ја поздрави декриминализацијата на клеветата


Мисијата на Соединетите Американски Држави во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) го поздрави декриминализирањето на клеветата во Македонија.
„САД го поздравуваат донесувањето на законот со кој се декриминализира навредата во Македонија. Со клучната целосна имплементација на законот и конкретните резултати од него, нотираме дека ова е значителен чекор напред кон побезбедна и послободна медиумска атмосфера во Македонија, и служи како позитивен пример за регионот на ОБСЕ во целина. Ги повикуваме сите членки на ОБСЕ кои се уште не ја декриминализирале клеветата да го сторат тоа, и да ги ревидираат законите со кои непотребно се казнува навредата или друго изразување на мислењето”, пишува во соопштението потпишано од Кристофер Мидура, советник за односи со јавноста на американската мисија во ОБСЕ.
Во соопштението се пренесува повикот на Мијатовиќ до Македонија да преземе и дополнителни чекори за подобруваме на медиумската клима, како што е транспарентно работење на Советот за радиодифузија, како и предизвиците во областа на работничките права во медиумите и рекламирањето на властите.
XS
SM
MD
LG