Достапни линкови

Трагедија во Египет, 48 деца загинаа во сообраќајна несреќа


Четириесет и седум деца починале во Египет откако воз удрил во автобусот во кој се наоѓале тие. Гувернерот на централната провинција Асиут изјави дека 13 деца се повредени во тешката сообраќајна несреќа. Автобусот, кој носел 60 деца на патување организирано од страна на нивните градинки бил погоден на железнички премин во Манфалут, 56 километри јужно од Каиро.
Децата се на возраст меѓу четири и шест години.
Министерот за транспорт, Рашад Ал Метини поднесе оставка и изјави дека ја "прифаќа одговорноста" за несреќата. Египетскиот претседател Мохамед Морси ја прифати и оставката на претседателот на египетската железничка станица.
XS
SM
MD
LG