Достапни линкови

Хамас истрела ракета врз Ерусалим


Вооруженото крило на исламски Хамас соопшти дека истрелал ракета кон Ерусалим додека израелските трупи се трупаат на границата кон Газа.
Во Ерусалим се слушале сирени, но војската соопшти дека ракетата паднала на отворен простор надвор од светиот град без да предизвика штета.
Газа денеска ја посети премиерот на Египет Хешам Кандилкој разговараше со лидерите на Хамас.
Тој изјави дека неговата земја ќе вложи дополнителни напори за постигнување примирје, а израелската акција на палестинските територии ја оцени како агресија. Преку ноќта изралските авиони извршија стотици напади, а војската повика на служба 16 илјади резервисти.
Според официјални извори, во нападите загинале 18 палестинци. Вчера тројца израелци загинаа од ракетните напади од Газа.
XS
SM
MD
LG