Достапни линкови

Путин обвини членка на Пуси Рајот за анти-семитизам


За време на средбата со германскиот канцелар Ангела Меркел, рускиот претседател Владимир Путин обвинил членка на панк групата Пуси Рајот дека сторила анти – семитски акт. Според Путин, една од од нив учествувала во акција во 2008 на која се барало Москва да се отараси од евреите. На состанокот пак Меркел ја критикувала Русија поради затворањето на трите членки на Пуси Рајот затоа што протестираа против Путин во Црква. Надежда Толоконикова, Марија Аљокина и Екатерина Самутисиевиќ се осудени за хлиганизам мотивиран од религиска омраза и добија по две ипол години затвор. Самутсиевиќ е условно ослободена.
XS
SM
MD
LG