Достапни линкови

Брамерц без коментар за ослободувањето на Готовина и Маркач


Хаг

Хаг

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц денеска одби да ги коментира ослободителните пресуди за хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач.
„Се уште ја немам прочитано пресудата“, изјави во Хаг Брамерц.
Апелацијата ги отфрли заклучоците од расправата на Судскиот совет, според кои, Готовина и Маркач учествувале во заеднички злосторнички акции, како и обвиненија за прекумерно гранатирање на Книн, Грачац, Обровац и Бенковац.
Судот ги ослободи двајцата генерали и од командна одговорност.
Готовина во првостепената постапка од 15 април 2011 година е осуден на 24 години затвор, Маркач на 18 години, а преостаниот член од хрватската „тројка“, генерал Иван Чермак е ослободен од обвинението и Обвинителството на оваа одлука не поднесе жалба.
XS
SM
MD
LG