Достапни линкови

ЕУ: Израел сразмерно да одговори на нападите од Газа


Кетрин Ештон

Кетрин Ештон

Европската унија денеска упати апел до Израел сразмерно да одговори на нападите на вооружените палестински групи од Појасот Газа. Шефот на европската дипломатија Кетрин Ештон изрази длабока загриженост поради интензивирањето на насилствата во регионот, додавајќи дека ракетните напади од Газа ја предизвикале сегашната криза. „Израел има право да го заштити своето население од такви напади, но одговорот треба да биде сразмерен“, оцени Ештон. Во досегашните израелски напади загинале над дваесетина палестинци.
XS
SM
MD
LG