Достапни линкови

Десетмина приведени за криминал со испорака на нафта


министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска

министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска

Македонската полиција разби 10 члена криминална група од Неготино која вршела злоупотреба во транспорт и испорака на нафта за греење на државни и локални институции во повеќе градови, информира на денешната прес конференција министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, додавајќи дека вчера за таа цел биле извршени претреси на седум локации при што биле пронајдени и одземени четири цистерни кои се користеле за вршење на кривичното дело. Според првичните проверки утврдената штета на буџетот изнесува неколку десетици илјади евра, но дополнително ќе се врши проверка на сите реализирани набавки, како и инволвираноста на одговорни лица во институциите, за да се утврди точната штета на државниот буџет.
XS
SM
MD
LG