Достапни линкови

Падот на прометот во индустријата продолжува


Бунарџик - слободна економска зона

Бунарџик - слободна економска зона

Прометот во индустријата во септември годинава во однос на септември лани бележи опаѓање од 32,2 проценти, при што прометот остварен на домашниот пазар има опаѓање од 28,3 проценти, а на странските пазари опаѓање од 34,5 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Прометот во индустријата во септември 2012 година, во однос на август 2012 година, бележи пад од два отсто, додека во периодот јануари-септември 2012 година, во однос на периодот јануари-септември 2011 година, падот изнесува 13,8 проценти.
XS
SM
MD
LG