Достапни линкови

Турција во ЕУ како Британија и Шведска


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган оправдано е горд со економскиот и политичкиот напредок што неговата земја го постигна за време на неговото десетгодишно владеење, пишува весникот „Фајненшал тајмс“, додавајќи: „Но, претседателот Абдула Ѓул е во право кога ги потсетува Турците дека водечката сила за таа трансформација беше аспирацијата на Турција да стане членка на Европската унија“.

Ваквата оценка на претседателот на Турција Абдула Ѓул за весникот Фајненшал тајмс би требало да ја обнови дебатата која е од клучно значење за иднината на таа земја. Секој петти во Турција не верува дека некогаш ќе стане граѓанин на Европската унија.
Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу и еврокомесарот за надворешна политика Кетрин Ештон

Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу и еврокомесарот за надворешна политика Кетрин Ештон


Поради притисокот од Франција, Германија и Кипар, преговорите се замрзнати веќе две години, пишува „Фајненшал тајмс“, наведувајќи:
Веќе почнува да се насетува системот во кој Европската унија ќе биде на две нивоа, членките на еврозоната и останите.

„Значи не е случајност тоа што владата на премиерот Ердоган назадува од прогресот постигнат во поранешната фаза на процесот за влез во Унијата.“

Се зголеми бројот на нарушување на слободата на изразување. Десетици новинари со месеци се во притвор без да им се суди.

Ердоган, кој со едно око веќе гледа на претседателските избори во 2014 година, не трпи никакви критики. Тој, како што се наведува во коментарот, се позиционира за изборите со тоа што главно им се обраќа на конзервативните, националистички гласачи.

Тој дури почна да зборува за враќање на смртната казна која беше укината како дел од асоцијативниот процес со Европската унија.

Ердоган вети дека ќе продолжи да работи на влез во Унијата до 2023 година. Но, според оценката на „Фајненшнал тајмс“, сè додека пристапот е закочен и турските опозициони партии се дисфункционални, не ќе постои ни некоја поголема контрола на неговото владеење.

Во меѓувреме, може во Европската унија да продолжи силното противање на влезот на Турција.
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе


Но, тоа не би требало да го исклучува обновувањето на преговорите кои во секој случај би можело да траат со години. Во времето кога тие ќе завршат, Европската унија би можело да бидат сосема друго место за живеење.

Веќе почнува да се насетува системот во кој Европската унија ќе биде на две нивоа, членките на еврозоната и останите.

Разбирливо е дека би можело да биде прифатливо на Турција да и се даде статус каков што например го имаат Британија и Шведска.

Се докажа дека проширувањето е најуспешната политика што досега ја има дизајнирано Европската унија. Таа политика беше водечка во промовирањето на напредокот и демократијата во авторитарните држави.

Дури и доколку на крајот Турција не го добие посакуваното членство, дозволувањето да го продолжи процесот на асоцијација со Унијата ќе ја направи подобро место за нејзините граѓани, но и подобар партнер за Европа, заклучува весникот „Фајненшал тајмс“.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG