Достапни линкови

Египетскиот премиер е во Газа, примирјето не се почитува


Египетскиот премиер Хашам Кандил

Египетскиот премиер Хашам Кандил

Египетскиот премиер Хашам Кандил пристигна во Газа каде имаше судири меѓу изралските сили и палестинските милитанти.
Пред неговото пристигнување Израел соопшти дека за време на неговата посетата ќе ја запре воената операција против Хамас кој владее со Газа. Кандил треба да се сретне со лидерите на Хамас.
Израел обвинува дека од Газа и натаму се стрела со ракети врз израелска територија и покрај три часовното примирје. Со истото обвинување излегоа и палестинците. Преку ноќта изралските авиони извршија стотици напади, а војската повика на служба 16 илјади резервисти.
Според официјални извори, во нападите загинале 18 палестинци. Вчера тројца израелци загинаа од ракетните напади од Газа.
XS
SM
MD
LG