Достапни линкови

И Македонците во планираниот музеј на американските народи


Македонците се очекува да бидат меѓу стотината нации и етнички групи кои ќе бидат застапени во планираниот голем музеј на народите кои ја сочинуваат денешната американска нација. Иницијативата за изградба на овој нов музеј, во близината на зградата на Конгресот во центарот на Вашингтон, ја доби поддршката на конгресмените од двете најголеми партии. Коалиција од 83 организации кои претставуваат разни американски етнички заедници, деновиве упатија писмо до претседателот Барак Обама во кое бараат да се создаде комисија за основање на музејот. Меѓу потписниците е и Обединетата македонска дијаспора, и нејзиниот претседател Мето Колоски кој вели дека вклучувањето во оваа иницијатива значи дека и Македонците ќе бидат одбележани меѓу народите кои се доселиле во САД.
XS
SM
MD
LG