Достапни линкови

logo-print

Меркел пристигна во Москва


Германската канцеларка Ангела Меркел, која денеска пристигна во посета на Русија, во Москва се состанува рускиот претседател Владимир Путин. Портпаролот на Путин, Дмитри Песков изјави дека рускиот претседател ќе го покрене прашањето за европското законодавство кое неповолно влијае врз руските интереси. Песков појасни дека станува збор за „Третиот енергетски пакет“ на Европската Унија, кој наметнува раздвојување на производството, транспортот и продажбата на енергенси, на што се противи рускиот гигант Газпром. Меркел и Путин се очекува да разговараат и за проблемите со Сирија, Израел и Газа, како и за иранската нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG