Достапни линкови

Продолжија израелските воздушни напади врз Газа


Израелски воени авиони во текот на ноќта гаѓале цели во појасот Газа, а тенкови, борбени оклопни возила и војници се групираат по должината на границата со Газа. Израелски ТВ станици јавуваат дека воените операции во Газа најверојатно ќе почнат денеска, но официјални армиски претставници инсистираат дека одлука сеуште не е донесена. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека воените операции ќе запрат за време на посетата на египетскиот премиер на Газа. Началникот на израелскиот Генералштаб Бени Ганц претходно изјави дека нападите ќе продолжат и ќе се интензивираат, но не рече дали тоа значи почнување на копнена операција преку границата.
Израелски авиони вчера продолжија да напаѓаат милитанти на Хамас, депоа за оружје и позициите од кои се лансираат ракети. Израелски воени претставници соопштија дека од средата досега се нападнати повеќе од 350 цели во Газа, а во меѓувреме Хамас продолжува да истрелува ракети во Израел.
XS
SM
MD
LG