Достапни линкови

Конечна пресуда за хрватските генерали Готовина и Маркач


Хашкиот трибунал денеска ќе ја изрече конечната пресуда за хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач, кои првостепено беа осудени на 24 и 18 години затвор за воени злосторства извршени за време и по акцијата Луња во 1995 година. Во повеќе хрватски градови се организира јавно следење на изрекувањето на пресудата, а синоќа во Загреб и во други градови се собираа воени ветерани во знак на поддршка на двајцата генерали, а беше одржана и миса.
XS
SM
MD
LG