Достапни линкови

logo-print

Пакистан: смртна казна за богохулење


Пакистанскиот суд вчера му изрече смртна казна на Хазрат Али Шах, обвинет за богохулење. Претставник на полицијата изјави дека 25-годишниот Шах бил уапсен во март минатата година за богохулење против муслиманскиот пророк Мухамед.
Ова е прв случај на изрекување смртна казна за богохулење по онаа на Асиа Биби од 2010 година. Таа сеуште не е егзекутирана. Нејзиниот случај предизвика меѓународни критики против пакистанските закони за смртна казна за вакви дела, кои беа воведени во 80-те години од минатиот век од страна на тогашниот воен диктатор Зија ул Хак.
Досега никој не е казнет според овие закони, бидејќи повеќето од пресудите биле преиначени од страна на апелациските судови.
XS
SM
MD
LG