Достапни линкови

logo-print

Воз удрил во парада на воени ветерани- 4 загинати


Најмалку 4 лица загинале а 17 се повредени во американската сојузна држава Тексас, откако воз удрил во поворка која била дел од парада на воени ветерани. Претставник на полицијата соопшти дека 10-мина од повредените се наоѓаат во критична состојба во локалната болница. Во тек е истрагата за инцидентот. Парадата била организирана во чест на на ветераните и нивното служење на САД и тие патувале кон местото на одржување на прославата во Сан Анџело во Тексас.
XS
SM
MD
LG