Достапни линкови

Времето променливо облачно со сончеви периоди


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има поголемо намалување на облачноста, таму преку денот ќе биде претежно сончево со умерена облачност. Во утринските часови по котлините и по речните долини ќе има појава на магла и ниска облачност.
Утринската температура се движи од нула до осум, а дневната ќе биде од 11 до 17 степени.

Во Скопје и околината во претпладневните часови ќе има појава на магла и ниска облачност, а попладне ќе биде сончево со умерена облачност. Утринската температура се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Во наредните денови ќе се задржи претежно суво и релативно топло време со појава на магла и ниска облачност по котлините и по речните долини.
XS
SM
MD
LG