Достапни линкови

Волерс - Добро е да се придвижат работите околу спорот за името


Амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс.

Амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс.

Соединетите Американски Држави го подржуваат процесот во Обединетите нации на чело со господинот Нимиц. Ќе го поддржуваме и исходот од процесот и договореното меѓу Македонија и Грција во рамките на тој процес, изјави aмериканскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс.

Среќен сум што медијаторот Метју Нимиц ќе се сретне со преговарачите во Њујорк, изјави aмериканскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс на средба со новинарите.
Очигледно е дека проблемот нема да се реши со една средба. Веќе подолго време се организираат средби, но добро е да се придвижат работите бидејќи извесно време немаше средби. Како што веќе имам кажано, Соединетите Американски Држави го подржуваат процесот во Обединетите нации на чело со господинот Нимиц. Ќе го подржуваме и исходот од процесот и договореното меѓу Македонија и Грција во рамките на тој процес.


„Очигледно е дека проблемот нема да се реши со една средба. Веќе подолго време се организираат средби, но добро е да се придвижат работите бидејќи извесно време немаше средби. Како што веќе имам кажано, Соединетите Американски Држави го подржуваат процесот во Обединетите нации на чело со господинот Нимиц. Ќе го подржуваме и исходот од процесот и договореното меѓу Македонија и Грција во рамките на тој процес.“

Сосема е во ред што Македонија бара помош во процесот, вели aмбасадорот.

„Тоа што и претходно го споменав е дека на крај финалните политички одлуки мора да ги донесат двете страни. Тоа не може да се наложи од страна, бидејки тоа едноставно не функционира така. “

Во врска со претстојните избори, запрашан за избирачкиот список, амбасадорот Волерс изјави дека Соединетите Америнански Држави ќе помогнат со мониторингот.

„Очигледно толку можеме да направиме, бидејки тоа во крајна линија е обврска на надлежните и на граѓаните. Доколку сметаат дека постои проблем, од нив зависи да истапат и да разговараат за решенија. Можеме да погледнеме, да помогнеме но на крај ова не е наша земја.“

​Македонија има технички капацитет да спроведе и локални и парламентарни избори во март, додава амбасадорот.

„Дали е препорачливо да се одржат и локални и парламентарни избори во исто време е нешто за кое треба да одлучи народот во Македонија и јас нема да делам совети. Тоа што лидерите и жителите на Македонија треба да го имаат предвид се долгорочните интереси на земјата.“
Запрашан за лустрацијата, Волерс вели дека исто како и сите други процеси во земјава, тоа мора да биде процес кој ќе ја придвижи земјата напред.

„Било кој процес кој создава дополнителни поделби наместо да решава проблеми веројатно не е од корист. Можеби нечии интереси ќе бидат задоволени на краток рок, но на долг рок, како што и претходно неколку пати напоменав, сите треба да ги имаат предвид интересите на Македонија како целина.“
XS
SM
MD
LG