Достапни линкови

Тимошенко штрајкува со глад или не ?


12

12

Адвокатите на притворената украинска премиерка Јулија Тимошенко денеска ги негираа тврдењата во јавноста дека таа го прекинала штрајкот со глад. Претходно украинската заменик министер за здравство Раиса Моисејанко изјави дека Тимошенко се откажала од штрајкот со глад откако ја прегледале германски доктори. Таа додаде дека Тимошенко веќе добила храна која и била доставена во нејзината соба во болницата во Каркив.
Ривалката на украинскиот претседател Виктор Јанукович, Тимошенко стапи во штрајк со глад во знак на протест поради измамата на парламентарните избори кои се оддржаа на 28 октомври.
XS
SM
MD
LG