Достапни линкови

logo-print

Пресуда за Санадер во вторник


16Apr2012

16Apr2012

Хрватскиот суд во вторник ќе ја соопшти пресудата за поранешниот хрватски премиер и шеф на ХДЗ, Иво Санадер. Денеска во судот свои завршни зборови изнесоа Санадер и неговата одбрана. Санадер е обвинет за воено профитерство, односно за добивање провизија во износ од 479.400 евра од Хипо банка и примање на мито од 10 милиони евра за унгарската нафтена компанија МОЛ да ги преземе управувачките права во хрватска Ина. Во својот завршен говор Санадер го нападна државниот обвинител Младен Баиќ, кого заедно до државното обвинителство и Канеларијата за сузбивање на криминалот ги обвини за доставување информации до медиумите. Обвинителството во својот вчерашен завршен говор Санадер го нарече издајник на националните интереси и побара казна од 15 години затвор.
XS
SM
MD
LG