Достапни линкови

СДСM:Дали на власта и се познати сторителите за аферата „Телеком“


СДСМ денеска ја праша владеачката партија дали и се познати сторителите на аферата„Телеком “ и дали за нив има докази со оглед на тоа што по поднесеата кривична пријава наместо одговор од Јавното Обвинителство, добиле од ВМРО- ДПМНЕ посочувајќи ги имињата на Владо Бучковски и Димитар Бузлевски. Генералниот секретар на партијат Андреј Петров изјави дека доколку владеачката партија знае кој е виновен зошто тогаш праводусните органи не преземале акција за расчистување на скандалот. Тој праша дали причината за молкот од институциите е дека во скандлот е вклучена и фирма блиска до партијата или пак со кривични пријави се врбувани поединци за да одработат сценарија со кои треба да и наштетат на опозицијата.
Се работи за веќе докажан криминал од американските правосудни власти, за кои се изведени прецизни и јасни докази, а за што „Дојче Телеком“, склучи вонсудска спогодба за отштета од 95 милиони долари, изјави Петров.
XS
SM
MD
LG