Достапни линкови

logo-print

Израел размислува за проширување на воената операција во Газа


Портпаролот на изралеската војска Авитал Леибович изјави дека воената операција кон Газа ќе биде проширена и дека се отворени опциите да старуваат со копнени воени акции. Тој истакна дека израелската резервна војска е алармирана и сега го подготвуваат следниот чекор. Палестинскиот претставник Саеб Ерекат во Женева изјави дека поради ескалација на настаните палестинскиот претседател Махмуд Абас ќе ја скрати европската турнеја и ќе се врати дома. Египетскиот претседател Мохамед Мурси изјави дека нападите на Израел врз Појасот Газа се „неприфаливи“ и водат кон нестабилност во регионот. Русија изрази загриженост за развојот на настаните а британскиот секретар за наворешни работи Вилијам Хејг повика на воздржаност, но додаде дека примарната одговорност за насилствата лежи во Хамас.

Хамас денеска испука десетици ракети кон јужниот дел на Израел при што загинале најмалку тројца израелски цивили. Во меѓувреме израелската војска ги засили нападите во Појасот Газа кој е под контрола на Хамас. Тројцата Израелци загинаа кога една ракета на Хамас погоди зграда која се наоѓа на 25 километри северно од Газа.Според палестински извори, во досегашните напади загинале најмалку единаесет луѓе, додека стотина други биле ранети.
XS
SM
MD
LG