Достапни линкови

Софија и Москва потпишаа договор за изградба на гасоводна мрежа


Софија и Москва денеска потпишаа договор за изградба на госоводната мрежа „Јужен тек“ со кој изградбата во Бугарија треба да стартува на 7 декември. Ова денеска го изјави директорот на Гаспром Алексеј Милер. Проектот „Јужен Тек“ чини 16,5 милијарди евра и ќе биде долг 3 600 километри при што ќе се поврзе Русија со Западен Балкан низ Бугарија, Србија, Унгарија и Словенија. Бугарскиот крак од овој проект ќе биде долг 540 километри и треба да биде изграден до 2015 година.
XS
SM
MD
LG