Достапни линкови

logo-print

Светски ден за писателите и новинарите кои се зад решетки


Невладината организација ПЕН со седиште во Лондон донесе одлука 15 ноември да биде прогласен за светски ден посветен на затворените писатели. Ова се однесува на сите писатели и новинари од целиот свет кои поради својот збор завршиле во затвори или пак биле нападнати. Според списокот на ПЕН само во првата половина на годинава се евидентирани 156 писатели во затвори и 132 други се или во судски процес или се води истрага против нив. Во нивното соопштение е наведено дека голем е бројот на писатели, новинари или блогери кои се претепани или пак убиени поради нивната работа.
XS
SM
MD
LG