Достапни линкови

Русија со предупредување до САД


Илустрација

Илустрација

Русија го предупреди американскиот Конгрес дека ќе ги наруши односите со Москва ако ја изгласа легислативата со која би требало да бидат казнети руските претставници на власта за злоупотреба на човекови права.Американските законодaвци можно е во петок да разгледуваат мерки со кои се предвидува да им биде одбиено барањето за виза на руски функционери кои биле инволвирани во притварањето, злоупотребата на човековите права и смртта на адвокатот кој во 2009 година умре во московски затвор. Меѓудругото како мерка се предвидува и замрзнување на сметките кои ги имаат тие функционери во американски банки. Портпаролот на руското министерство за надворешни работи Александар Лукашевич изјави дека таквата постапка ќе ги загрози во целост билатералните односи и Русија ќе биде принудена соодветно да реагира на таквата провокација.
XS
SM
MD
LG