Достапни линкови

Еврозоната во рецесија


Статистичкиот завод на Европската унија соопшти дека 17 земји на еврозоната се во рецесија. Еуростат прецизира дека економијата во еврозоната во периодот јули, септември годинава се намалила за 0,1 насто. Тоа уследи откако во претходниот квартал бил забележан пад од 0,2 насто. Германија и Франција, кои се најголеми економии на еврозоната, забележаа пораст од 0,2 проценти, додека другите големи земји како Италија, Шпанија Холандија и Белгија продолжуваат да стагнираат.
XS
SM
MD
LG