Достапни линкови

logo-print

Протест поради германски дипломат во Солун


Демонстранти кои денеска во Солун протестирале против доаѓањето на германскиот заменик миниситер за труд Ханс Јоахим Фухтел кој е наименуван за специјален пратеник за Грција, упаднале во конференцискиот центар и се судриле со полицијата. Тој допатува во Солун за да присуствува на конференцијата меѓу грчки и германски градоначалници. Грчката влада мора да спроведе остри мерки за штедење за да добие помош од меѓународните кредитори. За тешката економска криза во која невработеноста во земјата порасна на 25 насто, грците ја обвинуваат Германија.
XS
SM
MD
LG