Достапни линкови

logo-print

Нов израелски напад врз Појасот Газа


Тројца палестинци загинале во денешниот израелски воздушен напад врз Појасот Газа. Израелската армија го потврди нападот во рамките на, како што е соопштено, офанзивата против вооружените групи во таа област. Во вчерашниот напад бил убиен командантот на военото крило на Хамас, Ахмад Џабари. Според палестински извори, во досегашните напади загинале најмалку единаесет луѓе, додека стотина други биле ранети. Израел соопшти дека во текот на ноќта од Газа биле истрелани триесетина гранати и оти притоа загинале тројца израелци.
XS
SM
MD
LG