Достапни линкови

Нимиц ги повика Јолевски и Василакис на средба во Њујорк


Посредникот за спорот со името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц ги покани преговарачите Адамантиос Василакис и Зоран Јолевски на средба во седиштето на Обединетите нации во Њујорк на 19 и 20 ноември. Како што информираат од канцеларијата на портпаролот на Секретарот на Обединетите нации, двете страни ја прифатиле поканата. Предвидено е Нимиц да се сретне со секој од двајцата преговарачи одделни по што ќе следи заедничка средба со цел да се процени статусот на разговорите.
XS
SM
MD
LG