Достапни линкови

Џон Ален ќе соработува со Пентагон во интерната истрага


Американскиот командант во Авганистан, Генералот Џон Ален изјави дека целосно ќе соработува со Пентагон во истрагата за скандалот поврзан со екс-директорот на ЦИА Дејвид Петраеус. Адвокатот на Ален рече дека неговиот клиент се надева на целосно и брзо разјаснување на спорните прашања. ФБИ откри 30.000 страници кореспонденции, повеќето во форма на електронска пошта, меѓу Ален и Џил Кели. Кели се жалеше за електронски пораки кои ги добила од аула Бродвел, љубовницата на екс-директорот на ЦИА.
XS
SM
MD
LG