Достапни линкови

Национален младински совет за интересите на младите


Прес-конференција на иницијаторите за формирање Национален младински совет. Фото: МОФ.

Прес-конференција на иницијаторите за формирање Национален младински совет. Фото: МОФ.

Националниот младински совет треба да биде чадор-организација на различните младински организации во земјата, велат иницијаторите.

Младинските организации во Македонија се групираат за основање на Национален младински совет. Станува збор за иницијатива за вмрежување која ја започнаа 35 организации кои го дефинираа моделот за организирање. Марјан Забрчанец од Младинскиот образовен форум вели дека цел на иницијативата е формирање на официјално претставничко тело или т.н. чадор организација.
Целта на националниот младински совет е да обезбеди независен, автономен и инклузивен младински сектор кој ги застапува интересите и приоритетите на сите млади во Македонија. Тоа е тело на младинските организации во кое подоцна очекуваме да се приклучат и партиските подмладоци.

„Целта на националниот младински совет е да обезбеди независен, автономен и инклузивен младински сектор кој ги застапува интересите и приоритетите на сите млади во Македонија. Тоа е тело на младинските организации во кое подоцна очекуваме да се приклучат и партиските подмладоци.“
Прес-конференција на иницијаторите за формирање Национален младински совет. Фото: МОФ.

Прес-конференција на иницијаторите за формирање Национален младински совет. Фото: МОФ.


Слична иницијатива беше покрената пред повеќе од една година, кога власта излезе со предлог-закон за млади кој подоцна беше повлечен. Тогаш, иницијативата беше неприфатлива за младите, објаснува Забрчанец.

„Беше предвидено да бидат претставници на институциите, на владата, на министерствата, додека, пак, младинските претставници во тоа тело да ги бира Собранието на Република Македонија. Овој национален младински совет беше изоставен како структура“, вели Забрчанец.

Горан Ѓорѓиев од Сојузот на извидници на Македонија најавува дека во идниов период иницијативниот одбор ќе го иницира основачкото собрание до кога ќе се одвиваат два процеси:

„Информирање на сите засегнати страни преку известувања во јавноста. Се надеваме дека медиумите ќе не поддржат активно во тоа и да оваа порака стаса до секој млад човек, до секоја младинска организација и секако организирање на врвни дебати, трибини, отворени денови, тркалезни маси низ Македонија со што ќе се покријат сите младински организации, ќе бидат известени и ќе бидат повикани да се приклучат на овој процес.“

Советот ќе може да лобира во име на сите организации без разлика на сферата и нивото на организација, вели Наим Илјази од Младинската алијанса во Тетово.

„Со вклучувањето на организации со различен состав, поле на дејност и географски регион на дејствувањето, значи НМС има и етнички диверзитет внатре во иницијативниот одбор.“
XS
SM
MD
LG