Достапни линкови

Хрватскиот вицепремиер Чачиќ си поднесе оставка


Хрватскиот вицепремиер Радимир Чачиќ денеска си поднесе оставка откако унгарскиот суд го осуди на 22 месеца затвор поради сообраќајна несреќа во 2010 година во која загинале две лица. За време на несреќата тој беше лидер на опозициската Хрватска народна партија. Се уште не е јасно каде ќе треба да ја издржува затворската казна дали во Хрватска или во Унгарија. Не е дозволена жалба за пресудата и во рок од еден до два месеа треба да се јави во суд за да ја отслужи казната.
XS
SM
MD
LG