Достапни линкови

Над 130 илјади луѓе може да останат без прво на глас


Над 130 илјади граѓани ќе останат без право на глас на следните избори затоа што немаат биометриски документи за идентификација. ДИК ги повика граѓаните до крајот на годинава да си ја завршат таа обврска.
Право на глас ќе имаат само оние државјани на Македонија кои што имаат важечка лична карта или пасош односно 1 878 029 гласачи, тоа е една од препораките на работната група за прочистување на Избирачкиот список. Членовите на групата од опозицијата се сомневаат во точноста на избирачкиот список поради разликата од 24 илјади луѓе во списокот на ДИК и податоците од МВР под објаснување дека тоа се лица кои до крајот на годината ќе станат полнолетни.
XS
SM
MD
LG