Достапни линкови

logo-print

СДСМ поднесе кривична пријава за аферата „Маџар Телеком“


СДСМ денеска до Јавното Обвинителство поднесе кривична пријава против непознат сторител за скандалот „Телеком“, поради сомневања за поткуп на високи владини функционери, како и одделни политички партии, во периодот 2005 и 2006 година. Генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров објасни дека со иницијативата бараат расветлување на случајот, затоа што власта досега не постапила во рамки на своите законски должности.
Toj додаде дека наводите во кривичната пријава се директно поврзани со доказите од американската истрага за овој случај од која произлегува дека службени лица, членови на Владата, како и членови на одделни политички партии примиле подарок во висина од 4,8 милиони евра од страна на менаџерскиот тим на „Маџар телеком“.
Петров истакна дека СДСМ не бега од сопствениот дел од одговорноста и затоа бараaт скандалот „Телеком“ да се расчисти до крај, но за нив останува неодговорено прашањето „од што бега, и кого штитат Груевски и ВМРО ДПМНЕ?“

Во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ e наведeно оти ја охрабруваат опозициската партија да постапи како што најавила, иако се сомневаат во намерата. Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ можеле така да постапат во изминатите 8 до 9 години, а пред се во периодот на случувањата односно во време на нивните влади. Во продолжение е наведено дека нема да дозволат да бидат инволвирани во односот на Бранко Црвенковски, Владо Бучковски и Димитар Бузлевски.
XS
SM
MD
LG