Достапни линкови

Турција стравува од можни напади од Сирија


Жителите од три турски села на границата со Сирија се евакуирани, поради опасност од гранати истрелани од судирите меѓу сириските владини сили и бунтовниците, јавија турските медиуми. Истовремено, активисти од турскиот пограничен град Чејланпинар информираа за сириски воздушен напад во сирискиот пограничен град Рас ал Аин, каде бунтовниците претходно објавија дека успеале да ги прогонат војниците, лојални на претседателот Башар ал Асад. Министерот за одбрана на Турција Исмет Јилмаз изјави дека Турција неопходно ќе одговори доколку сириските авиони го нарушат турскиот воздушен простор.
XS
SM
MD
LG