Достапни линкови

ЕУ парите од Нобеловата награда ќе ги донира


Европската унија соопшти дека парите од Нобеловата награда за мир ќе бидат доделени за деца кои што ги почуствувале последиците од војната. Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо изјави дека наградата е признание од целиот свет и затоа парите треба да бидат донирани за најпогодените од војните, а тоа се децата. Минатиот месец шведскиот комитет за Нобелова наградата ја додели наградата за мир на ЕУ во вредост од 1,2 милијарди долари. ЕУ се уште не одлучија на кој проект ќе ги донираат парите. Во тек е конкурс за избор на млади Европјани кои ќе присуствуваат на церемонијата во Осло следниот месец со Баросо и претседателот на ЕУ Херман ван Ромпуј.
XS
SM
MD
LG