Достапни линкови

Расмусен загрижен за притворените грузиски полициски офицери


Генералниот секретар на НАТО Андрес фог Расмусен изјави дека „владеењето на правото“ треба да се спроведува на судењата против грузиските полициски офицери.
Расмусен ова го изјави на пресконференција при првата посета на грузискот премиер Бидзина Иванишвили на Брисел. Минатиот петок грузискиот суд ослободи двајца од тројцата притворени полициски функционери кои беа обвинети дека злоупотребиле службена должност. Тие работеле под раководство на претседателот Михаил Саакашвили.
XS
SM
MD
LG