Достапни линкови

Осуден хрватски вицепремиер за сообраќајна несреќа


Вицепремиерот на хрватската влада Радомир Чачиќ е осуден од унгарскиот суд на казна затвор од 22 месеци поради предизвикување на сообраќајна несреќа во 2010 година при која загинале две лица, јавува новинската агенција Ројтерс. Не е дозволена жалба за пресудата и во рок од еден до два месеа треба да се јави во суд за да ја отслужи казната. Чачиќ е вицепремиер и министер за економија и близок соработник на хрватскиот премиер Зоран Милановиќ.
XS
SM
MD
LG