Достапни линкови

Пакистан и Авганистан стартуваа разговори


Пакистанското министерство не ја потврдува инфомацијата дека Исламабад се согласил да ослободи неколку затворени Талибанци. Во изјава за РСЕ министерството тврди дека не се ослободени затвореници. Претходно денеска новинските агенциии јавија дека пакистанските и авганистански власти се согласиле да ослободат неколку притворени талибански милитанти. Договорот е постигнат за време на преговорите меѓу авганистанската мировна делегација предводена од Салахудин Рабани и пакистанските власти. Мировниот процес во основа ќе зависи од можни преговори меѓу авганистанската влада и лидерите на талибанските милитанти чие што засолниште е во Пакистан.
XS
SM
MD
LG